СПОРТОВИ
Коузон Летен Камп – Скоурас Грција нуди максимална можност за спортски активности.
Нашиот камп представува единствен камп во Европа кој може да се пофали до терени и реквизити за 34 спортови. Еден дел од нив се уникатни и ги нема во Македонија .
Сите спортски активности се одвиваат под будно око на професионални тренери.
Ниту една спортска активност несмее да започне без присуство на тренер и без запознавање на децата со правилата за тој спорт.
Базен
Во кампот има два базени со Олимписки димензии и професионални спасувачи. Во овие базени децата учат како да пливаат безбедно. Двата базени имаат плиток дел за помали деца каде се одржуваат бесплатни часови за пливање. Исто така имаме целосна опрема за ватерполо. Секоја група деца влегува во базен заедно со нивниот тим лидер и после туширање тие може да влезат повторно во базен. Се одржува натпревар по пливање на кој може да учествуваат сите деца. Натпреварот е поделен по возраст и род. На крај ги наградуваме победниците.
Фудбал
Во кампот има две фудбалски игралишта со вистински димензии и со природна трева и две фудбалски игралишта со помали димензии со вештачка трева и осветлен терен. Најважниот спортски настан во кампот е фудбалскиот шампионат каде децата се натпреваруваат според нивната возраст. Секој ден се организираат натпревари и се објавуваат резултати. Победниците на шампионатот се наградени со специјален подарок.
Дополнително, во јуни се организира фудбалски турнир каде учествуваат многу тимови.
Аеробик-Јога
Аеробикот е еден од најпопуларните спортски активности на нашиот камп. Гласната музика и фасцинантните кореографии се она што ја прави оваа активност специјална и популарна. Се организира маратон за аеробик каде најголемото училиште за аеробик во Солун презентира 3-4 часа од својата програма.
Часовите по јога беа неодамна додадени кон програмата. Во посебно опремена средина, овие часови се погодни за релаксирање на оние кои ги посетуваат.
Танц
Оваа категорија се состои од часови по латино танци, стрит денс и модерен танц. Гласната музика е главната карактеристика на различните специјално дизајнирани соби каде се случуваат сите активности. За време на овие активности децата носат патики. Часот секогаш започнува со загревање и лесни вежби и потоа тренерот ги покажува основните чекори и им ја покажува на децата кореографијата која требада ја научат. За време на претставата за нивните родители се прикажуваат некои од овие кореографии.
Мини голф
Време е за мини голф, шармантна игра во која децата уживаат играјќи на траката која има 12 дупки. Асистентот ги запознава децата со теоретскиот дел на спортот и потоа тие може да вежбаат како да го држат стапот за голф, како да ја удираат топката и како да постигнат да ја вметнуваат топката во голф дупката. Еднаш се организира шампионат во мини голф каде децата се натпреваруваат во групи или индивидуално врз основа на нивната возраст.
Пинг Понг
Пинг понгот е еден од омилените спортови на децата во нашиот камп и затоа имаме и огромно учество на нашиот шампионат за пинг понг. Кампот располага со десет пинг понг маси каде тренерот ги учи децата се што треба да знаат во врска со оваа активност.
Одбојка
Одбојката е еден од најпријатниот и најпопуларниот спорт во нашиот камп. Имаме четири игралишта за одбојка од кои две имаат регуларни димензии и други две помали игралишта за помали деца. Тренирани од нашите квалификувани тренери децата ги учат соодветните движења и правила на секој спорт и се подготвуваат за шампионатот во одбојка.
Тенис
Во нашиот камп децата може да најдат две тениски игралишта каде квалификуван тренер ги учи на важни правила и движења на играта. Организираме тениски шампионат каде децата учествуваат индивидуално.
Екстремни спортови
Најимпресивните од сите спортови! Нашиот камп има две кули за качување и 4 тибетски мостови со висина од 14 метри и 8 метри. Најпопуларниот спорт од екстремните спортови е “летечката лисица”(flying fox). Сите деца имаат можност да учествуваат во еден или сите од овие екстремни спортови. Не само што имаме квалификувани тренери кои ги тренираат децата туку ја имаме и целата потребна опрема за да осигураме безбедност за децата.
Паркоур
Паркоур е една од последните спортски активности додадена кон нашата програма. Монтиравме посебна метална конструкција за децата да може да ја вежбаат оваа активност и душеци да се осигураме дека ќе бидат безбедни. Тренерите доаѓаат од Академијата Hellenic Parkour. Децата ги учат основните движења и скокови. Нова активност во која децата уживаат најмногу!
Јавање
Нашите објекти вклучуваат и терен за јавање и во секое време децата може да јаваат на две или три траки. Имаме три коњи и три понија. Тренерот и неговите асистенти ги воведуваат децата во теорискиот дел на спортот и потоа може да почнат со пракса. Како и да е, има случаи кога децата веќе го знаат спортот па тренерот им помага да ја следат специфичната процедура за напредни спортисти.
Стрелање (лак и стрела)
Уште еден вистински интересен спорт кој се одвива на посебно одредено место и е опремен со специјални стрели кои децата ги користат за вежба. Тренерот ги учи децата да го држат лакот и како да ја погодат целта, откога претходно ги запознаваат со спортот и неговата историја.
Возење ролери
Ова е нов спорт во нашиот камп кој неодамна го доопремивме со терен за ролање. Имаме два тренери кои им покажуваат на децата како да ја задржат рамнотежата и да се движат со ролери. Тренерите се одговорни за општата безбедност на децата и соодветната употреба на опрема.
Велоспиедизам
Во нашиот камп децата може да се забавуваат и со возење на велоспиед. Поседуваме 25 велосипеди. Тренерот ги тренира децата така прават долга и бавна тура на возење со велоспиед во кампот. Атлетските чевли и кацига, кои ги дава тренерот, се најважната опрема во спортот. Има деца кои не возеле велосипед претходно и за нив обезбедуваме бесплатни часови, во периодот предвиден за хоби активностите каде децата може да вежбаат со Јуниор BMX.
Tae Kwon Do
Спорт кој не учи на техники за самоодбрана. Имаме посебно опремена соба за тренинг на Tae Kwon Do. По загревањето, тренерот им ги покажува на децата основните чекори додека сите носат специјална облека за да бидат побезбедни.
Кошарка
Имаме 4 кошаркарски игралишта од кои две се со регуларни димензии и два мини терени за помлади деца. Ја започнуваме програмата со загревање и потоа децата или играат кошарка или ги учат основните движења, во зависност од нивната возраст. Исто така организираме кошаркарски шампионат и сме домаќини на кошаркарски турнир во август во соработка со кошаркарски тимови од Солун.
Бадминтон
Имаме два терени за бадминтон каде тренерот им покажува на децата како дправилно да го тренираат овој спорт покажувајќи им ги правилата и основните чекори. Кога се одржува шампионатот за бадминтон децата може да учествуваат индивидуално.
Трамполина
Еден од највозбудливите и најлесни спортови! Нашиот камп има 10 трамполини и еден квалификуван тренер. Во овој спорт нема правила ниту движења кои може да се научат но тренерот може да ги научи децата како да скокаат повисоко и да прават трикови.
Шах
Со упатстства од тренер и вовед во основните техники на играта, децата учат да играат шах на нашите десет шаховски табли. Откога ќе ја научат основата, децата играат меѓусебно за подобро да ја разберат филозофијата на играта.
Ракомет
Нашиот камп има две игралишта за ракомет каде децата ги учат основните движења и правила на спортот. По тренингот, децата играат ракомет во тимови.
Водни спортови
Водните спортови ги вклучуваат сите спортови кои се одвиваат во базен или покрај море, како на пример кајакарство, одбојка на плажа, фудбал на плажа, ватерполо и многу други. Најважното правило е тоа дека додека ги вежбаат овие спортови, сите деца се придружени од тренер за да бидат безбедни. Дополнително, децата може да учествуваат во шампионатите за фудбал или одбојка на плажа.
Уметничка работилница
Нашата уметничка работилница е убаво декорирано и целосно опремено место каде децата ја користат својата фантазија за да прават рачни изработки. Инструкторот ги инспирира децата со различни теми и тие можат да цртаат или да прават рачно изработени предмети или белегзии за пријатели, родители или за нив самите!