Корисни Информации

Кратки информации

 Локацијата на Коузон Камп  – Скоурас е извонредна и се наоѓа на полуостровот Халкидики т.е на неговиот прв крак познат како Касандра . Оддалеченоста од Солун е околу 85 км Најблиско населено место е градчето Neа Fokеа .

Кампот е отворен од 1988 година и досега илјадници деца од регионов и ЕУ имаат поминато низ него и носат незаборавни спомени од дружењето и активностите кои ги имале во него. Во Кампот може да учествуваат деца и тинејџери од 7-17 години.

Кампот зафаќа 200.000 м/2 и е најголем спортско-едукативен детски камп во Европа.

Престојот е организиран како комбинација на едукација, спортови и забава со добро организирана програма која вклучува многу дневни активности, различни игри и спортови.

Најголема предност на нашиот камп е прекрасната  борова шума и преубавата песочна плажа.

Комуникација со камперите за време на престојот во кампот

Комуникацијата со децата учесници во кампот може да се одвива во точно определн термин за телефонски јавувања или посети.

Целта на временското определување на комуниакцијата со родителите е пред се заради непречено изведување на дневните и вечерните активности кои се реалзираат со зададен тајминг.

Препорачливо е комуникацијата т.е телефонските јавувања да се реализираат во следниве термини:

– од 7.30 -8.30 часот наутро ( Македонско време )
– од 13.30-15.30 часот на пладне ( Македонско време )
– од 19.30-22.20 часот вечер ( Македонско време )

Посета на кампот од родители или пријатели

Препорачуваме посетата да се најави во Коузон .

Препорачуваме да нема посета на кампот во првите два дена од престојот на децата.

Препорачуваме – секоја посета од надворешни лица или роднини на децата да биде најавена од родителите со име и презиме на лицата кои ќе го посетат кампот.

Секое барање за времено напуштање на кампот , мора да биде проследено со потпишување на изјава од страна на родителите или лицето кое ќе дојде да го земе детето од кампот, со тоа што задолжително треба да покаже документ за идентификација. Изјавата се потпишува во просториите на менаџментот на кампот.

Опрема

Учесниците во кампот треба самостојно да ја обезбедат следнава опрема за учество во кампот:

  • Вреќа за спиење или летно ќебе,
  • една перница,
  • 2 пара чаршави, 2 навлаки за перници,
  • долна облека за 7 дена ,
  • маици, крпи за туширање,
  • капа за заштита од сонце ,
  • костими за капење,
  • сандали,
  • чорапи,
  • патики,
  • спортска облека,
  • четка за заби, паста за заби, чешел, шампон, сунѓер,
  • јакна,
  • пластични кеси за валкана облека,
  • торба за екскурзии,

ЗАДОЛЖИТЕЛНО – крема за сончање, крема против убоди од инсекти.

Дополнителна опрема – опцијално

Опрема за цртање, книги, костими, музички инструменти, спортска опрема (фудбалска топка, голмански ракавици итн.).

Не се дозволени:

Остри- опасни или прескапи предмети, како што се видео игри, mp3 плеери, камера итн.

ВАЖНО – *Нашиот камп не презема одговорност доколку се изгуби или оштети некој предмет.

Пожелно е децата да не носат телефонски апарати кои имаат достап до интернет заради можни високи сметки за роаминг интернет .

Програма

Дневна програма

8:00 – 8:30 Будење
8:30 – 9:00 Појадок
9:00 – 9:30 Чистење на куќи и генерално чистење
9:30 – 10:00 Инспекција
10:00 – 12:30 Морска програма* Секое дете добива тренинг по пливање и различлни водени спортови како што се: кајакарство, одбојка на плажа, ватерполо итн. Децата пливаат во морето надгледувани од нивниот тим лидер, спасувачи и тренери.
12:30 – 13:00 Топол туш после море
13:00 – 13:45 Ручек
14:00 – 17:00 Пладневен одмор или изборно, часови по англиски. Сите деца се внатре во куќите со нивниот тимски лидер. Во овој период играат игри или вежбаат различни активности од забавната програма (групно пеење песни, скечови или игри).
17:00 – 17:15 Попладневна ужина
17:15 – 19:00 Спортска програма* Спортската програма е поделена во два часа спорт. Секоја група е распределена на две различни спортски активности дневно (со цел да се осигураме дека сите деца ќе добијат шанса да ги користат сите спортски објекти).
За секоја активност има тренер кој им посакува добредојде на децата и се грижи спортскиот тренинг да се одвива во најдобар ред.
19:00 – 19:40 Хоби – Децата бираат некоја активност за која се најмногу заинтересирани и учествуваат во тренинг програми надгледувани од тренерите.
Дополнително, може да бираат сликање, рачни изработки, дизајн на накит, танцување, театар, tae kwon do, шах, модерни и традиционални танци.
20:00 – 20:45 Вечера
21:00 – 23:00 Забавна програма– Секој ден организираме забавни активности и различни активности околу кампот (театар, пеење, диско, маскембали, натпревари, игри итн.)
Во 2 наврати организираме екскурзии до најблиските градчиња и до хотелскиот комплекс Сани.
Сите овие активности се изведуваат под раководство на тренери и тим лидери.
23:30- 24:00 Време за спиење
* Дневната програма може да се промени во согласност со посебните потреби на секоја група.

Дневно мени

Појадок
Млеко, чај, путер, џем или мед, леб, пита со сирење или слатка пита (bougatsa) итн.

Попладневна ужина

Попладневната ужина вклучува нешто специјално секој ден како на пример кроасан, сладолед, овошно желе, кремови, торта и различни закуски.

Недела

Ручек: Шницла со печени компири, салата
Вечера: Хамбургер

Понеделник

Ручек: Пилешко со ориз, грашок и шеф салата
Вечера: Шпагети болоњезе, фета сирење и салата

Вторник

Ручек: пилешки прсти, пржени компири или леќа, салата.
Вечера: Калцоне и џус

Среда

Ручек: “Soutzoukakia” (ќофтиња од мелено месо) со томато сос, пире, салата
Вечера: Пилешки нагетс, макарони, салата

Четврток

Ручек: Печени тестенини со сос и месо или боранија, фета сирење и сос од јогурт (tzatziki)
Вечера: Пица

Петок

Ручек: Стек, пржени компири и Цезар салата
Вечера: Макарони со томато сос и фета сирење

Сабота

Ручек: Свинско месо, ориз со печурки и пченка, салата.
Вечера: Хот дог

Оброците се служат заедно со свеж леб и овошје.

Менито во кампот е составено од квалификуван тим нутриционисти за да се обезбедат соодветните диететски потреби на децата. Овој тим го контролира процесот на подготовка на оброците и распределбата на состојките кои се користат со цел да се понудат висококвалитетни оброци секој ден.

Персоналот на кампот има овластување да го смени менито доколку има сериозни причини за тоа.

Водата во кампот е филтрирана со специјални филтри.

Забавна програма

Забавната програма е најважниот дел од дневните активности во кампот.
Децата треба меѓусебно да соработуваат и да бидат покреативни. Тимот за забавна програма претставува модел за децата и се грижи сите деца активно да учествуваат во оваа програма.

На овој начин децата ја развиваат својата самодоверба, и истовремено се забавуваат и радуваат.

Некои забавни активности:

  • Интернационални ноќи
  • Натпревари по пеење
  • Лов на богатство
  • Караоке вечер
  • Маскембал покрај базен
  • Натпревар за скечови
  • Натпревар за таленти
  • Сафари
  • Спортски турнири

Дополнително, организираме изборни екскурзии:

  • Екскурзија до традиционалното село Athitos
  • Екскурзија до космополитското село Kalithea
  • Дневна екскурзија до Солун
  • Екскурзија до водниот парк во Солун

Безбедност и медицински центар

Безбедност

  • Нашите искусни тим лидери се достапни 24 часа и се секогаш подготвени да се грижат за децата.
  • Квалификувани спасувачи и тренери ги придружуваат децата до базенот и морето и внимаваат на нив за време на сите спортски активности.
  • Секој оддел има свој чувар од обезбедување кој заедно со поголем тим на обезбедување будно ги чуваат камперите 24 часа на ден.

Медицински центар:

  • Кампот има целосно опремен медицински центар кој е отворен 24 часа.
  • Персоналот се состои од два доктора, две медицински сестри и шофер за итни случаи.
  • Нашиот медицински центар е поддржан од два здравствени центри: Нашиот медицински центар е поддржан од нашите два здравствени центри: Cassandra (11 km оддалечен од кампот) и Moudania (15 km оддалечен од кампот).
  • За посериозни случаи поврзани сме со Општата болница на Polugyros.
  • Нашиот камп обезбедува целосна медицинска грижа за сите деца.

Објекти

Сместување

  • Нашиот камп е поделен во 4 различни и автономни оддели.
  • Секој оддел има модерни бунгалови со двоспратни кревети
  • Секој бунгалов може да прими од 10 до 12 деца, комфорно и безбедно.
  • Има различни видови бунгалови кои може да примат од 6-12 деца, опремени со самостојно или заеднично купатило.
  • Спортски објекти

Во кампот можете да најдете целосни услови за тренирање на 34 различни спортски активности лоцирани во централниот дел на кампот за да се олесни пристапот од сите делови на кампот.

Посетете го делот за спортски активности за повеќе детали.

 

Ресторан

Ресторанот во кампот е целосно опремен со современа опрема за готвење. Квалификуван тим на професионалци се грижи за кетеринг услугите како и припремата на храната во кампот. Тие ја надгледуваат подготовката и послужувањето на храната и гарантираат дека истата е секогаш свежа, вкусна и здрава.

Објекти за забава

Објектите за забава или како што ние ги нарекуваме “Tеатарот” е еден од најинтересните искуства во овој камп. Програмата за забава се одвива токму таму: песни, едукативни игри, кино вечери и натпревари за таленти. Каква и да е темата на вечерта, секогаш завршува со огромна прослава со танцување, песни, или со други иновативни идеи за активности предложени од персоналот или децата.

Структура

Кампот секоја година пречекува деца на различна возраст ( од 6 до 14 години) и ги сместува во различни оддели:
На пример:
“Juniorama”: прима деца од 6 до 9 години
“Athlorama”: прима деца од 9 до 12 години
“Panorama”: прима деца од 12 до 14 години
“Peukorama”: прима деца членови на спортски тимови, школи за странски јазици, специјални групи итн.
“Trenorama”: прима деца од странство и неколку спортски тимови, школи за странски јазици, специјални групи итн.

Хиерархија

Tим лидер: Тим лидерите се одговорни за еден бунгалов од 10-12 деца, тие се грижат за децата во текот на целиот ден и се одговорни да ги насочуваат, водат и инспирираат. Сите тим лидери посетуваат посебен со менаџментотна Коузон.

Лидер на група: Лидерот на групата е одговорен за тренингот и раководењето на 4 – 5 тим лидери и нивните куќи.

Лидери на оддели: Лидерите на одделите се грижат за беспрекорната работа на нивниот оддел и се одговорни за сите во тој оддел.

Едукација на персонал

Персоналот е најважниот елемент на кампот и клучот за нашиот успех. Секоја година нашите Тим лидери, лидери на група, директори на оддели, тренери и персонал за поддршка мора да поминат специјален едукативен процес.
Тие се тренирани за различни области за работа со деца како на пример: воспитување на деца од различни возрасни групи, справување со кризи, детска психологија, лесно адаптирање на животот во кампот, интергирање на деца во тимот, награди и признанија, помагање на деца да се справат со различни спортски активности, креативност и ангажирање. Нашите семинари се поделени на два дела, теоретски и практичен дел. Како и да е, се грижиме сите семинари да бидат интерактивни и нашиот персонал е трениран од страна на квалификувани професионалци.

Преку едукативниот процес, се стремиме да постигнеме активно учество и ангажирање на нашиот персонал, и да обезбедиме персонал подготвен да се грижи за деца, да биде модел за однесување, да им помага преку активности и да го води нивниот развој за време на нивниот престој во кампот.

Banner-Kamp_4